„Знам да пукам. Можете ли да го замислите насловот: Русите го заробија украинскиот претседател? Тоа би било срамно“, рече Зеленски во интервјуто.
Во првите денови по инвазијата на 24 февруари минатата година, руските разузнавачи се обидоа да упаднат во Киев, но не успеаја да стигнат до улицата Банкина, каде што се наоѓа претседателската канцеларија. Другите руски трупи почнаа да ги напаѓаат предградијата на Киев, но не напредуваа далеку. Во градот имаше и обиди за саботажа.
„Да пробиеја, немаше сега да разговараме. Никој немаше да биде заробен бидејќи ќе се боревме до крај. До последниот“, рече Зеленски. На прашањето дали има пиштол и дали вежбал со него, тој одговори потврдно.
Six children lost their lives in this attack on Uman, a total of 23 people died…
Anyone who prepares ?? missile attacks must know that he will be an accomplice in the murder. Anyone, who guides and launches missiles, who handles planes and ships for terror. Not just those who… pic.twitter.com/zphc84ynHy— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) April 29, 2023
Во своето традиционално обраќање до јавноста вчеравечер, тој ги обвини руските војници дека се еднакво виновни за воени злосторства како и нивното раководство. „Не само командантите, туку сите вие, сите сте терористи и убијци и сите мора да бидете казнети. Секој што подготвува и испалува проектили, што ги одржува авионите и бродовите што служат за тероризирање, сите вие сте соучесници во злосторството“, изјави Зеленски.
Изјавата уследи по ракетниот напад врз украинскиот град Уман во петокот, во кој загинаа 23 лица. Меѓу нив, рече Зеленски, имало шест малолетници. Тој повтори дека треба да се формира специјален меѓународен суд за руските злосторства во Украина по моделот на Нирнбершките процеси против нацистите.