сабота, 27 јули 2024

Зеленски: Знаеме за планот на руските сили за пробивање на одбраната на Харков

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинското воено-политичко раководство има информации за обемот на руските сили и нивниот план да ја пробијат одбраната на регионот Харков, додавајќи дека украинските одбранбени сили се спротивставуваат на руските војници.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Главен е регионот Харков. Руските трупи денеска се обидоа да ги прошират операциите против Украина“, рече Зеленски во синоќешната видео порака и посочи дека вооружените сили на Украина се зајакнати во правец на Харков.

„И долж нашата државна граница и по целата линија на фронтот, ние секогаш ќе го уништуваме окупаторот со цел да ги спречиме сите руски офанзивни намери“, рече тој, пренесува Интерфакс Украина.

Зеленски изјави дека сега се прави се што е потребно за да се заштитат сите позиции, додавајќи дека во исто време е важно партнерите да го поддржат Киев со навремени набавки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ