сабота, 19 октомври 2024

Зеленски: Западот да ѝ помогне на Украина како на Израел

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте му кажа вчера на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека „вашата безбедност е важна за нашата“, за време на својата прва посета на Киев откако стана генерален секретар на западниот воен пакт.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Руте го повтори ветувањето на НАТО дека Украина еден ден ќе стане членка на Алијансата, но Зеленски кажа дека сака западните сојузници итно да пружат активна воена поддршка каква што некои од нив му дале на Израел во борбата против Иран, пренесува Ројтерс.

„Вашата безбедност е важна за нашата, а вашата борба за слобода ги одразува нашите клучни принципи и вредности“, кажа Руте на заедничката конференција за новинари, истакнувајќи дека неговата прва странска посета како шеф на НАТО ја покажува цврстата поддршка на воениот сојуз на Киев.

„Украина е поблиску до НАТО од кога било и ќе продолжи по тој пат додека не обезбеди членство во НАТО“, кажа Руте, поранешниот премиер на Холандија, кој во вторникот ја презема новата должност.

Зеленски кажа дека сака да види како сојузниците на Киев соборуваат ракети и дронови кои Русија ги користи во нападите на Украина, како што тоа го направија некои сојузници на Израел кога Техеран неделава изврши ракетен напад на Израел.

„Работиме со нив, во моментов не се спремни тоа да го направат“, кажа Зеленски.

На Зеленски му беше поставено прашањето за повлекувањето на украинските сили претходно оваа недела од градот Угледар, во најновото во низата руски освојувања на бојното поле на истокот на Украина.

„Животите на војниците мора да бидат зачувани бидејќи и тие се наши луѓе, граѓани на Украина. Затоа е сосема исправно да се повлечат и спасат“, кажа тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ