сабота, 27 јули 2024

Зеленски: За Украинците е важно светот да не се измори од војната што се води повеќе од две години пред вратата на ЕУ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Лисабон ја предупреди меѓународната заедница дека е важно да не се измори од војната во Украина и да не верува во лагите што ги шири Москва.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„За Украинците е многу важно светот да не се измори од оваа војна која трае повеќе од две години пред вратата на Европската Унија“, рече Зеленски на прес-конференција во Лисабон.

„Во спротивно, нема да има правда, а светот ќе го менуваат луѓе како рускиот претседател Владимир Путин. Досега Украина успеваше да ја одржи светската солидарност“, рече Зеленски, додавајќи дека нејзиното одржување е многу тешко.

Според него, Русија се обидува да ја поткопа меѓународната поддршка за Киев, особено со помош на кампањи за дезинформации.

„Тие (Русите) се многу силни во однос на дезинформациите“, рече Зеленски, апелирајќи дека „не треба да им се верува на лагите што ги шири Русија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ