сабота, 27 јули 2024

Зеленски во Софија: Украина и Бугарија договорија јакнење на воената соработка

Објавено на

часот

Сподели

Тој ја повика Бугарија да учествува во обновата на Украина.

„Разговаравме за воената помош која Бугарија ја испраќа на нашата земја. Сметаме на продолжување на соработката која веќе спаси многу животи“, порача Зеленски на заедничката конференција за медиуми со бугарскиот премиер Николај Денков.

Украинскиот претседател оцени дека е многу важно Бугарија во „оваа морална криза во Европа“ да биде против Русија „која води геноцидна политика“.

Денков порача дека Бугарија не може да седи со скрстени раце на она што се случува само неколку стотици километри од нејзината граница, пренесува Новините.

„Потпишавме декларација која ги поддржува евроатлантските интеграции на Украина кога и да е тоа возможно“, кажа Денков и додаде дека Бугарија сака праведен и одржлив мир.

Непосредно пред двајцата лидери да ги одржат говорите, беше потпишан меморандум за енергетска соработка меѓу двете земји.

„Заедно сме спремни на нашите земји да им пружиме поголеми гаранции за енергетска стабилност, како и атрактивни цени за обичните луѓе“, кажа Зеленски.

Зеленски ја повика Бугарија да учествува во напорите за реконструкција на Украина, особено во обновата на образовниот сектор, пренесува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ