понеделник, 17 јуни 2024

Зеленски во ненадејна посета на Саудиска Арабија, а потоа и во Хирошима

Објавено на

часот

Сподели

„Почнува мојата прва посета на Кралството Саудиска Арабија за да ги подобрам билатералните односи на Украина и врските со арапскиот свет“, напиша Зеленски на Твитер.

Тој додаде дека ќе разговара за „политичките затвореници на Крим и привремено окупираните територии, враќањето на луѓето, формулата за мир и енергетската соработка“.

Саудиска Арабија „игра важна улога и ние сме подготвени да ја подигнеме нашата соработка на ново ниво“, продолжи Зеленски.

Зеленски пристигна со авион на француската влада, јави саудиската телевизија Ел Хадат, пренесува Ројтерс.

По самитот на Арапската лига, Зеленски ќе отпатува на самитот на Г7 во Хирошима, потврдија украинските власти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ