понеделник, 9 декември 2024

Зеленски вети дека украинското жито само ќе поминува низ ЕУ на пат кон Африка

Објавено на

часот

Сподели

Според неговите зборови, овие земјоделски производи не смеат да го дестабилизираат европскиот пазар, во пристаништата во кои ќе пристигнат само ќе се претоваруваат и испраќаат во Африка и Блискиот Исток, а решението треба да бидат заклучени контејнери.

„Претседателот Зеленски даде цврсто ветување дека во рок од една или две недели ќе биде потпишан договор дека житото и другите земјоделски производи ќе поминуваат во транзит во заклучени контејнери. Тие ќе минуваат низ Полска само за да бидат испратени во други земји“, изјави портпаролот на полската влада Пјотр Милер за приватната телевизија Полсат.

За протестите на земјоделците поради украинските житарки кои ги окупираа силосите во Полска и кои препродавачите и трговците ги пуштија на тамошните пазари и на пазарите на некои други земји од ЕУ, полскиот претседател Анджеј Дуда денеска изјави дека не само украинското жито е виновно за падот на цените и проблемите на полските земјоделци.

„Ако ги погледнеме цените пред една година, пред војната, тие беа дури и пониски од сегашните. На крајот на минатата година тие се зголемија енормно, потоа паднаа, но повторувам, и денес се повисоки од пред една година. Сепак, ја разбирам огорченоста на полските земјоделци бидејќи тие би сакале цените да бидат што е можно повисоки“, рече Дуда во интервју за државното радио.

Дуда се залагаше за заострување на контролите на украинско-полската граница што ќе ги спречи шпекулантите бидејќи тие се најголемиот проблем за полските земјоделци.

Во средата, полскиот министер за земјоделство и рурален развој Хенрик Ковалчиќ поднесе оставка, како што објасни, бидејќи не успеал да ја натера Европската комисија да ги врати царините за житото од Украина, што беше прв услов за земјоделците од алијансата Агроунија и иницијативата Измамено село да се откажат од најавените протести и блокади на патиштата.

Новиот министер има рок до крајот на велигденските празници да ги претстави деталите за ветеното владино обештетување на земјоделците од 2,1 милијарди евра, поради украинските житарки. Министерот е задолжен да изнајде решение за тоа дека украинскиот извоз навистина само ќе поминува во транзит до пристаништата на Балтикот, за што поскоро да биде претоварен и да се упати кон Блискиот Исток и Африка.

Во спротивно, Агроунија се закани дека цела Полска ќе застане поради блокади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ