Според Украинска правда, на прашањето на полските новинари за можноста војната да трае до 2025 година, Зеленски самоуверено одговорил, велејќи дека крајот на војната може да се случи.
„Трамп сака да стави крај на војната. Тој има способност да изврши притисок врз Русија. Убеден сум дека Русија се плаши и од Соединетите Американски Држави и од Кина“, рече Зеленски.
Претседателот на Украина нагласи дека Трамп треба да ѝ понуди на Украина конкретни безбедносни гаранции кои не само што ќе ѝ користат на Европа, туку и ќе испрати јасна порака до Русија – дека Украинците, заедно со другите нации, се способни да се одбранат доколку Путин се обиде да започне војна повторно.
„Трамп може да ја принуди Русија да ја прекине војната. Мораме да се погрижиме тој да обезбеди јасни безбедносни гаранции за Украина и да го принудиме Путин да се вклучи во дипломатијата за да се стави крај на оваа војна“, рече Зеленски.
Исто така, Зеленски истакна дека Украина во моментов има силни партнери, како што се Соединетите Американски Држави и Европската Унија, кои значително го зголемија сопственото производство на оружје.
Тој додаде дека Европската Унија треба дополнително да го зголеми производството на оружје „за свои потреби“, за Русија да сфати дека Европа има ресурси за одбрана. „На овој начин Путин може да биде погоден онаму каде што најмногу боли“, заклучи Зеленски.