вторник, 22 октомври 2024

Зеленски: Упадите на руска територија се средство за завршување на војната под условите на Киев

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека влегувањето на украинската војска во руската област Курск претставува напор конфликтот да се заврши под условите на Киев.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Упадот на 6 август и украинската одбрана на истокот на земјата, каде Русија ја концентрираше офанзивата, се дел од патот за завршување на војната под условите на независна Украина“, кажа Зеленски.

Тој претходно престојуваше во пограничната област на Украина и Русија од каде украинските сили пред две недели успеаја да се пробијат на руска територија.

Зеленски во таа прилика најави дека украинските сили би можеле да заземат уште едно руско село.

Москва, пак, денес објави дека руските сили го зазеле селото Межове во источниот украински регион Доњецк. Русите тврдат и дека спречиле обид на украинските сили да се инфилтрираат на руска територија, во место оддалечено 240 километри од подрачјето на Курск каде тоа им успеа на почетокот на август.

Киев објави дека остварил низа успеси на бојното поле откако ја почнал офанзивната акција, но од друга страна Москва со месеци напредува во источна Украина, вршејќи притисок врз украинските трупи исцрпени од руската инвазија.

Американската амбасада во Киев предупреди на ризик од руски ракетни и напади со дронови низ Украина во следните денови, што, како што се тврди, е поврзано со одбележувањето на Денот на независноста на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ