петок, 20 септември 2024

Зеленски: Украинскиот план за победа е целосно подготвен

Претседателот на Украина Володимир Зеленски потврди вчера дека украинскиот „план за победа“ во конфликтот со Русија кој мора до крајот на месецот да му го претстави на својот американски колега Џо Бајден е „целосно подготвен“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сега е најважна решителноста тоа да се спроведе“, кажа Зеленски во своето редовно обраќање до нацијата.

Според него, „нема и не може да има алтернатива за мирот, нема замрзнување на војната или други манипулации со кои само би се заменила руската агресија“.

Русија со војска упадна во Украина во февруари 2022 година и нелегално окупираше и присвои големи делови од нејзината територија на истокот и на југот.

Во меѓувреме, Украина во август ненадејно упадна во руската погранична област Курск и зазема околу 1.000 квадратни километри територија.

Власти од Киев, кои зависат од оружјето и парите од Западот, бараат од западните земји дозвола со ракети со долг дострел да гаѓаат мети длабоко во Руска територија, што би значело ескалација на конфликтот и негово можно проширување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ