сабота, 27 јули 2024

Зеленски: Украина заслужува покана во НАТО

Претседателот на Украина Володимир Зеленски им се заблагодари на сите земји кои склучија билатерални договори со Киев и истакна дека „Украина заслужува покана да се придружи на НАТО“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Украина смета дека е историски точно дека регионот на Балтичко Море конечно доби историска шанса за стабилна безбедност откако Финска и Шведска влегоа во НАТО. Иста безбедност е потребна и на регионот на Црно Море. како демократска нација која ги брани заедничките вредности на Алијансата, Украина заслужува покана да се придружи на НАТО“, кажа Зеленски на прес-конференција со претседателите на Литванија и Полска Гитанас Науседа и Анджеј Дуда во Вилнус.

Делегации од 25 земји, вклучувајќи 10 шефови на држави, во Литванија присуствуваа на состанок на Инцијативата на три мориња.

Таа иницијатива поврзува 13 држави членки на ЕУ кои се наоѓаат меѓу Балтичко, Црно и Јадранско Море: Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Романија, Словачка, Словенија и Грција.

Стратегиски партнери на иницијативата се САД, Германија и Европската комисија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ