„Не знам за какви договори некаде се разговара, за каква размена на нашите територии. Имаме еден документ – формула за мир. Имаме една желба – мир. Го формулиравме како што го гледаме. Подготвени сме за отворена дискусија со нашите колеги, за светот да биде на иста страна – на страната на праведниот мир со целосно обновување на територијалниот интегритет на Украина“, истакна Зеленски на заедничката прес-конференција со холандскиот премиер Марк Руте, пренесува Укринформ.
Тој рече дека соборувањето на малезискиот авион МХ17, како и масакрите во Буча и Мариупол, не може да се заборават, само затоа што поминало времето.
„Во Русија веројатно размислуваат вака: ќе ги заборават овие работи и некако ќе се договориме. Ова е прашање на правда. Нема тукутака да доаѓаме до никакви договори. Некој мора да одговара, а ние ги знаеме имињата на тие луѓе“, рече претседателот на Украина.