Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонскиот разговор со Зеленски кажа дека САД би можеле да ги преземат нуклеарните централи во Украина.
„Американска сопственост над овие електрани би пружила најдобра можна заштита и поддршка на украинската енергетска инфраструктура“, кажа портпаролката на Белата куќа Керолајн Левит по телефонскиот разговор Трамп – Зеленски.
„За тоа нема да разговараме. Денес имаме 15 нуклеарни реактори во функција. Сето ова ѝ припаѓа на нашата држава“, кажа Зеленски на конференција за новинари во Осло.
Претседателот на Украина кажа дека украинска и американска делегација ќе се сретнат во понеделник во Саудиска Арабија за да разговараат за можноста за делумно примирје во конфликтот со Русија.