сабота, 27 јули 2024

Зеленски: Украина може да стане важен производител на оружје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја може да стане еден од најголемите производители на оружје во светот и дека е сигурен дека украинската одбранбена индустрија „со текот на времето дефинитивно може да стане една од 10-те најпродуктивни и најмоќни одбранбени комплекси во светот“.

Објавено на

часот

Сподели

Индустријата веќе придонесува за зајакнување на одбранбените способности на Украина во услови на војна, како и за економскиот раст и вработувањето, рече Зеленски во својата вечерна видео порака.

Зеленски го поздрави договорот со западните партнери, првенствено со Соединетите Американски Држави, за заедничко производство на оружје како „едно од нашите најголеми политички достигнувања оваа година“.

Договорот овозможува производство на современа воена опрема, рече тој, додавајќи дека производството на западни видови оружје дополнително ќе се локализира.

Украинскиот министер за стратешки индустрии Олександар Камишин претходно им изјави на новинарите дека Украина тројно го зголемила своето одбранбено производство оваа година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ