сабота, 27 јули 2024

Зеленски тврди дека Русија подготвува нова мобилизација на 300.000 војници, Кремљ негира

Русија подготвува дополнителна мобилизација на 300.000 војници на 1 јуни, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по разговорот со финскиот претседател Александер Стуб во Киев.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Одговарајќи на прашањата на новинарите колку регрути ќе бидат мобилизирани во украинската војска оваа година, Зеленски кажа дека нема да бидат потребни половина милион војници, пренесува украински Интерфакс.

„кога станува збор за конкретниот број на луѓе кои ќе бидат мобилизирани, не можам да кажам… Не ни требаат половина милион“, наведе Зеленски.

Зеленски го пофали главниот командант на оружените сили на Украина Александар Сирски за спроведувањето на ревизија во војската за оние кои избегнуваат мобилизација да се најдат на фронтот.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги негираше тврдењата на Украинскиот претседател дека Русија планира нова мобилизација.

„Тоа не е вистина“, кажа Песков за руските медиуми. Рускиот претседател Владимир Путин повеќе пати изјави дека нема потреба за нова мобилизација во Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ