„Благодарам Америко, благодарам за поддршката, благодарам за оваа посета. Му благодарам на претседателот на САД, на Конгресот и на американскиот народ. На Украина ѝ треба праведен и траен мир, а ние работиме токму на тоа“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Икс откако замина од Белата куќа по расправијата со американскиот претседател Доналд Трамп, која на светот му беше пренесувана во живо.
Thank you America, thank you for your support, thank you for this visit. Thank you @POTUS, Congress, and the American people.
Ukraine needs just and lasting peace, and we are working exactly for that.— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 28, 2025
Посетата на Зеленски на Белата куќа денеска беше прекината порано од планираното, откако влезе во жестока расправија со Трамп и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кои го обвинија за „непочитување“ за време на разговорот во Овалната соба.
Трамп повеќе пати му кажа на Зеленски дека „се коцка со животите на милиони, со трета светска војна“ и му порача да престане да инсистира на дополнителни безбедносни гаранции, велејќи: „Или ќе склучиш договор или ние ќе се повлечеме“. Потпретседателот Џеј Ди Венс му рече на украинскиот претседател дека ниеднаш на состанокот не се заблагодарил за помошта што САД три години ѝ ја даваат на Украина.
Двајцата лидери постојано се расправаа околу своите ставови за Русија и за преговорите, како и за степенот на европската поддршка за Украина.
Зеленски ја напушти Белата куќа, а беше откажана и заедничката прес-конференција на која требаше да се потпише договорот за минерали.