„Триесет и четири руски ракети оваа ноќ. Дел од нив беа соборени. Но, светот има можност да помогне во соборувањето на секоја ракета и секое беспилотно летало на руските терористи. Ова е апсолутно реално. Единствено што е потребно е неопходните политички одлуки и договори да станат реалност“, напиша Зеленски на Фејсбук.
Според него, тоа се системи за противвоздушна одбрана за Украина, доволно количество и квалитет на оружје за фронтот, како и ажурност во снабдувањето и определување на дејствијата.
„Теророт секогаш мора да губи и секој што ни помага да се спротивставиме на рускиот терор е вистински бранител на животот“, истакна Зеленски.
Тој повтори дека Украина е благодарна на Соединетите Американски Држави и другите партнери за нивната поддршка.
Руските сили синоќа извршија комбиниран напад врз Украина со ракети од различен тип. Од 34 лансирани ракети украинската воздушна одбрана уништи 21 ракета.