сабота, 27 јули 2024

Зеленски: Сите разузнавачки служби на сојузничките земји се информирани за заканите

Сите разузнавачки служби на нашите сојузнички земји се информирани за постоечките закани во руско-украинската војна, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Сите разузнавачки служби на нашите сојузници се информирани за заканите и перспективите кои сега постојат. Мораме да направиме се за да ги постигнеме нашите цели, заедничките цели на сите во светот кои ги презираат терористите“, рече тој во видео-обраќање.

Зеленски изјави дека на средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, разговарал за ефикасноста на испораката на западно оружје во Украина.

„Навремено снабдување со оружје за нашите војници, навремени одлуки за противвоздушна одбрана за Украина – тоа е она што е потребно во моментов за да се заштити животот. Згора на тоа, партнерите ги имаат сите потребни системи, го имаат целиот неопходен квалитет на оружје, за нашите војници да можат многу поефикасно да дејствуваат“, нагласи Зеленски, пренесува Укринформ.

Според него, можно е да се запрат и да се нарушат руските офанзивни планови, но за тоа се потребни системи Патриот и ракети со калибар од 155 милиметри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ