сабота, 27 јули 2024

Зеленски: Сирски има неограничени овластувања

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека врховниот командант на Вооружените сили на Украина Олександр Сирски има „карт-бланш“ за сите кадровски промени во војската и во штабовите.

Фото: Википедија

Објавено на

часот

Сподели

Во видео-обраќање, Зеленски рече дека на почетокот на следната недела, кога Сирски ќе се врати од линијата на фронтот, ги очекува неговите конкретни предлози за понатамошни промени во војската и планираните дејствија, пишува Украинска Правда.

„Сите украински команданти мора да го познаваат фронтот, да го чувствуваат фронтот, вистинските потреби, тие навистина мора да бидат со војниците, наредниците, да бидат такви какви што мора да бидат за да се постигнат украинските цели“, посочи Зеленски.

Сирски во саботата најави кадровски промени меѓу командантите на бригадите чии постапки, според него, претставуваат закана за животот и здравјето на подредените.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ