вторник, 22 октомври 2024

Зеленски: Русија мора да биде принудена да склучи мир бидејќи Путин сака да се бори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија мора да биде принудена да склучи мир бидејќи претседателот Владимир Путин сака да се бори и дека војната ѝ се враќа на Русија откако Москва ја донесе во други земји.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во своето ноќно обраќање, украинскиот лидер рече дека големиот прекуграничен напад на Киев врз западниот регион Курск е прашање за безбедноста на Украина и дека Киев ги зазел областите од каде Русија започнувала напади.

„Русија мора да биде принудена да склучи мир бидејќи Путин толку многу сака да се бори“, рече Зеленски, пренесе Ројтерс.

Тој рече дека североисточниот украински регион Суми, кој се наоѓа преку границата од регионот Курск, од 1 јуни бил нападнат речиси 2.100 пати во руски прекугранични напади.

„Русија им донесе војна на другите, сега таа им се враќа дома. Украина отсекогаш сакала само мир и ние сигурно ќе обезбедиме мир“, рече Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ