петок, 27 декември 2024

Зеленски: Разговарав со Вучиќ, ѝ благодарам на Србија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес објави дека разговарал со претседателот на Србија за „јакнење на односите меѓу двете земји“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ѝ се заблагодарив на Србија за финансиската и хуманитарната поддршка и ги усогласивме напорите на заедничкиот пат кон интеграција во Европската Унија. Претседателот Вучиќ му ја честиташе Новата година на украинскиот народ и изрази надеж за што поскоро постигнување мир“, објави Зеленски на социјалната мрежа Икс.

„Претходно оваа недела ги примив акредитивите на новиот амбасадор на Србија. Верувам дека обновената и целосна работа на амбасадата на Србија на чело со амбасадорот ќе ја унапреди нашата соработка“, додаде украинскиот претседател.

Србија предводена од Александар Вучиќ зазема неутрален став кон конфликтот во Украина. Формално го поддржува територијалниот интегритет на Украина, но не се придружува на санкциите на Западот против Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ