петок, 26 јули 2024

Зеленски: Путин пак зборуваше сам со себе, болно и цинично суштество

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно ги отфрли обвинувањата на рускиот претседател Владимир Путин дека Украина е вмешана во терористичкиот напад на периферијата на Москва.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За време на своето редовно обраќање, Зеленски рече дека Путин сите освен себе ги смета за терористи.

„Денеска Путин пак си зборуваше сам со себе, и тоа беше емитувано на телевизија. Повторно ја обвинува Украина. Болно и цинично суштество. За него сите се терористи, освен самиот тој, иако веќе две децении го води теророт. Тој е најголемиот симбол за терор. Тој и неговите специјалци. А кога тој ќе замине, со него ќе исчезне и потребата за терор и насилство, бидејќи тоа е негово барање. Ничие друго“, изјави синоќа Зеленски.

Зеленски им се заблагодари на сите што работат на отстранување на последиците од најновите руски напади. Тој нагласи дека е исклучително важно да се внимава на оние на кои им е потребна поддршка. Според него, дури и ако некој се срами да побара помош, другите треба да обрнат внимание, да го поддржат и да не го оставаат сам.

Тој рече и дека во текот на денот добил извештаи од армијата и разузнавачите. Инаку, Зеленски вчера учествуваше на ифтар, специјална вечера што се одржува во текот на месецот рамазан, пишува Украинска правда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ