петок, 13 декември 2024

Зеленски: Путин нема да сопре, сака целосно да нè окупира, Литванија, Летонија, Естонија, Молдавија може да бидат следни

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди денес дека секое одложување на западната помош на Киев го охрабрува Кремљ, речиси две години по руската инвазија на Украина.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски престојува во главниот град на Литванија, Вилнус, во рамки на ненадејната турнеја по балтичките држави, за да обезбеди воена и финансиска поддршка од Западот за војната.

„Тој (рускиот претседател Владимир Путин) нема да сопре“, кажа Зеленски на конференција за новинарите со литванскиот колега Гитанас Науседа. „Сака целосно да нè окупира“, додаде украинскиот претседател, „а понекогаш, несигурноста на партнерите околу финансиската и воена помош на Украина само ја зголемува храброста и силата на Русија“.

Коментарите на Зеленски доаѓаат во време кога западните партнери се колебаат околу континуираната поддршка на Украина.

„Мораме да разбереме дека Литванија, Естонија, Молдавија можат да бидат следни ако ние (Украина) не го сопреме“, додаде тој.

Зеленски истакна дека во деновите кога Русија ги обновува масовните воздушни напади, на Киев „многу му недостигаат“ современи системи за противвоздушна одбрана.

„Во последните денови Русија ја нападна Украина со вкупно 500 различни проектили: уништивме 70 отсто од нив. Системите за противвоздушна одбрана се нештото број еден кое ни недостига“, кажа Зеленски.

Турнејата во трите поранешни советски републики Летонија, Литванија и Естонија – сите сега членки на ЕУ и НАТО – е првото официјално патување на Зеленски во странство оваа година.

Како што претходно беше најавено, на дневниот ред на средбите со балтичките лидери се безбедноста, поддршката на Украина, интеграциите во ЕУ и НАТО и понатамошната координација на европската поддршка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ