сабота, 27 јули 2024

Зеленски: Противвоздушната одбрана што ја имаме не е доволна, тоа на сите им е јасно

Со оглед на постојаните руски воздушни напади врз североисточниот град Харков, украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од меѓународните сојузници итно да ги испорачаат неопходните системи за противвоздушна одбрана.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сосема е очигледно дека капацитетите за противвоздушна одбрана што ги имаме во Украина не се доволни – и тоа им е јасно на сите наши партнери“, рече Зеленски во синоќешната видео порака.

„Бараме начини да му обезбедиме на Харков поголема противвоздушна одбрана“, рече тој, повикувајќи ги сите украински дипломати и меѓународни преговарачи да бараат договори за нови испораки.

Зеленски долго време бара дополнителни системи за противвоздушна одбрана од американско производство Патриот, а претходно во ТВ интервју рече дека на неговата земја ѝ се потребни најмалку 25 такви системи за да се одбрани од руски напади.

Украина, која повеќе од две години се брани од руската инвазија во големи размери, повторно забележа зголемена руска воена фокусираност на Харков, во моментов повеќе од на кој било друг град.

Според локалното обвинителство, две воздушни бомби паднале вчера напладне во Харков, при што се повредени пет лица, додека 13 станбени згради и други објекти биле оштетени. Во петокот вечерта шест лица загинаа, а 11 беа повредени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ