сабота, 21 декември 2024

Зеленски пристигна во Дубровник, улиците се полни со полиција и снајперисти, хеликоптер го надлетува градот (ФОТО+ВИДЕО)

Во Дубровник денес во попладневните часови се одржува самитот Украина – Југоисточна Европа. По тој повод во Хрватска за првпат пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Стигнав во Хрватска за да се сретнам со премиерот Андреј Пленковиќ и претставниците на другите земји од регионот и да учествувам на третиот самит Украина – Југоисточна Европа. Со премиерот Пленковиќ ќе разговараме за понатамошната одбранбена соработка, рехабилитацијата на нашите ранети на фронтот и обновувањето на Украина“, наведе Зеленски на социјалната мрежа Икс.

Репортерот на ХТВ кажа дека пристигнувањето на Зеленски е еден од безбедносно најкомплицираните средби одржани во Дубровник.

Поради мерките за безбедност, уште вчера биле отстранети контејнерите и кантите за ѓубре, а паркиралиштата се испразнети и затворени со полициска лента.

Мерките на безбедност вклучуваат одредени траси на движење, контрола на храната и пијалаците, обезбедување на транзитот, гранична контрола, контрола на странците, контрола на жителите.

Во градот има снајперисти, контраснајперисти, морнарива, авијација, пренесува ХРТ. Градот го надлетува хеликоптер.

Покрај Зеленски и хрватскиот премиер најавено е доаѓање и на претставници на Црна Гора, Косово, Грција, Бугарија, Албанија и Македонија. Се очекува и доаѓање на претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Се очекува учесниците на самитот да прифатат заедничка Дубровничка декларација за чиј текст сè уште се преговара, но таа би требало да биде слична на претходните декларации од самитите во Атина и Тирана.

Главните точки на декларацијата треба да бидат осуда на руската агресија, поддршка на територијалниот интегритет на Украина, поддршка на „планот за праведен мир“ на Зеленски, барање за процесирање на воените злосторства во Украина, поддршка на евроинтеграциите на Киев и членство во НАТО кога ќе се стекнат услови за тоа, како и поддршка на енергетската безбедност и обнова на Украина по завршувањето на конфликтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ