сабота, 27 јули 2024

Зеленски претстави нацрт закон: на странските борци да им се овозможи да добијат украински пасоши

Претседателот на Украина Володимир Зеленски, на Денот на единството на Украина, претстави нацрт закон кој дозволува повеќекратно државјанство, што би им овозможило на странските борци и на етничките Украинци во странство да поседуваат украински пасоши.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Со тој нацрт странските борци не би морале да се откажат од државјанствата на други земји.

Зеленски во обраќањето со кое се одбележува Актот за обединување на Украинската Народна Република и краткотрајната Западноукраинска Народна република од 1919 година, кажа дека законот нема да се применува на „државјаните на земјата агресор“.

Откако Русија ја почна инвазијата во февруари 2020 година украинската влада формираше единица со странски борци во која, според некои проценки, има околу две илјади платеници.

„Денес мораме да преземеме чекори не само да го зајакнеме единството на Украина и нашиот народ, туку и да дејствуваме за единството на правата и слободите, вистината за Украинците, вистината за нас и вистината за нашата историја“, кажа Зеленски.

Актуелните украински закони не дозволуваат двојно или повеќекратно државјанство за сопствениците на украински пасош.

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша претходно месецов сличен закон со кој на странските борци им се овозможува да добијат руско државјанство.

Денот на единството во Украина се одбележува како државен празник од 1999 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ