сабота, 27 јули 2024

Зеленски: Претседателските избори не се легитимни, на Путин треба да му се суди во Хаг

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека изборите за претседател на Русија не се легитимни, додавајќи дека тоа е „симулација на избори“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Рускиот диктатор симулираше нови избори. На сите во светот им е јасно дека оваа личност, како што често се случувало низ историјата, едноставно е болна за моќ и прави сѐ за да владее вечно“, рече Зеленски во видеообраќање, пренесува Ројтерс.

„Нема легитимитет во оваа имитација на избори и не може да го има. На оваа личност треба да ѝ се суди во Хаг. Тоа е она што треба да го постигнеме“, рече Зеленски.

За Путин гласале 87,68 гласачи, покажуваат прелиминарните податоци на руската Централна изборна комисија врз основа на обработени 30 отсто од гласовите.

Одѕивот на изборите во целата земја го надмина нивото од 2018 од 67,5%, јави Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ