четврток, 31 октомври 2024

Зеленски повторно побара од Западот да одобри напади во Русија по нападот на Харков

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно ги повика земјите сојузнички да му дозволат на Киев да ја нападне територијата на Русија со напредното оружје добиено од Западот, по рускиот напад на Харков.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Руските сили, наводно, во напад на зграда во Харков, вториот најголем украински град, користеле наведувана воздушна бомба ФАБ-500.

Станува збор за можна бомба која Москва сè повеќе ја користи во конфликтот во Украина.

„Вестите се трагични: има жртви, вклучувајќи и дете, додека луѓе се веројатно сè уште под урнатините“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Икс.

Рускиот напад на Харков е трет оваа недела.

„Партнерските земји гледаат што се случува секој ден“, напиша Зеленски, додавајќи: „Под вакви околности, секоја нивна одложена одлука значи уште десетици или дури стотици руски бомби кои ќе се употребат против Украина“.

Киев веќе долго време бара од западните земји да ѝ дозволат да ги користи ракетните системи со долг дострел како британските крстосувачки ракети „сторм шедоу“ или американските АТАКМС за напади на воени цели длабоко во руска територија.

Меѓутоа, Соединетите Американски Држѓави, Британија и други земји засега го одбиваат барањето на Киев, сметајќи дека таа дозвола би довела до ескалација на конфликтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ