„Украина од сопирање на напредувањето на руската армија на фронтот ја дели само една одлука која ја очекуваме од нашите партнери, одлука за капацитетите со долг дострел“, кажа Зеленски во говор пред украинските амбасадори.
Соединетите Американски Држави и други сојузници на Украина поставија ограничувања на употребата на оружјето од загриженост дека тоа може да ја ескалира војната.
Зеленски им кажа на дипломатите и дека украинските сили ја презеле контролата на 92 населби во Курската област во Русија и дека сега контролираат повеќе од 1.250 квадратни километри непријателска територија речиси две недели од почетокот на ненадејниот упад преку границата.
„Украинските војници ја продолжуваат одбранбената операција во одделни области на Курската област на Руската Федерација“, кажа Зеленски.
Тој оцени дека Украина продолжува да ги јакне нејзините позиции, да стабилизира одредени области и да го пополнува фондот за размена (на заробеници).
Зеленски кажа дека таа операција е „најголемата инвестиција“ на Украина во процесот на ослободување на Украинците од руското заробеништво.
„Тоа е една од нашите цели“.