сабота, 27 јули 2024

Зеленски: Последната фаза од војната ќе биде најкрвава

Објавено на

часот

Сподели

Во областа Чернихив северно од Киев, Русите го нападнаа селото Десна и многумина беа убиени, рече украинскиот претседател во ноќното обраќање.

„Постојани се нападите на местата околу Одеса, на градовите во централна Украина, Донбас е целосно уништен – сето тоа нема и не може да има никакво воено објаснување, како што тврди Русија“, продолжи тој.

„Ова е намерен и злосторнички обид да се убијат што е можно повеќе Украинци“, рече тој.

„Да се уништат што е можно повеќе куќи, социјални објекти и претпријатија. Ова е она што ќе го квалификува геноцидот врз украинскиот народ и поради што окупаторите дефинитивно ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ