сабота, 27 јули 2024

Зеленски: Подготвуваме нова контраофанзива

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во 2024 година Украина планира не само да продолжи да се брани, туку и да подготви нова контраофанзива.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинската армија подготвува нова контраофанзива во Црно Море и во воената зона.

Украинскиот претседател рече и дека контраофанзивата ќе ја „изненади“ Русија.

„За да ја продолжиме успешната приказна во Црно Море, ќе го направиме тоа“, изјави Зеленски за американската телевизија Фокс њуз. „Нема да навлегувам во детали, но Русите ќе бидат изненадени. Тоа е многу важно.“

Зборувајќи за целите на земјата за оваа година, Зеленски истакна дека во конфронтација со една земја како Русија, дури и одбраната е голема задача и предизвик.

Коментирајќи ја изјавата дека многумина очекувале поефикасна контраофанзива во 2023 година и сакале војната да заврши што е можно поскоро, претседателот истакна дека во една контраофанзива треба да се размислува за животите на борците, бидејќи брзото движење ќе резултира со загуба на луѓе. Ако Украина изгуби војници, ќе изгуби сѐ, рече тој.

На прашањето дали претходната контраофанзива ќе била поуспешна доколку Украина навреме го добиела потребното оружје, Зеленски ги повика луѓето да не гледаат кон минатото, но потврди дека на Украина ѝ се потребни системи Патриот за одбрана на нејзиниот воздушен простор, како и проектили со долг дострел од 300 км итн. Тој рече дека разговарал за овие потреби со партнерите, особено со САД.

Претседателот рече дека моменталната ситуација на бојното поле не е фер, што значи дека силите не се еднакви.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ