сабота, 27 јули 2024

Зеленски побара од Западот да ги забрза испораките на оружје на Украина поради руската офанзива

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара денес од западните партнери да ги забрзаат ветените пратки оружје, во време кога Киев не успева да ја одбие новата офанзива на руските сили на североистокот на земјата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Потребно ни е значително забрзување на испораките. Поминува премногу време меѓу најавата на пакетите помош и вистинското појавување на оружјето на линијата на фронтот“, кажа Зеленски по состанокот со шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен во Киев.

Блинкен денес престојуваше во ненајавена посета на Украина, со цел да го увери Киев во воената помош на Вашингтон, која беше одблокирана по неколкумесечните спорови на власта и опозицијата во Конгресот на САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ