вторник, 22 октомври 2024

Зеленски побара од Британија да му дозволи да користи ракети со долг дострел

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од Велика Британија да му дозволи да користи ракети со долг дострел Сторм шедоу во нападот на Русија, тврдејќи дека прекуграничен напад на украинската војска може да го „собори“ рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Украинските сили до синоќа контролираа околу 1.000 квадратни километри од Курск, пограничен регион во јужна Русија, според високиот генерал на Киев, а нападот ја означува првата странска инвазија на руска територија по Втората светска војна, пишува британски Телеграф.

Зеленски рече дека „катастрофата во Курск“ пред 24 години, во која 118 руски морнари загинаа во несреќа на подморница, го означи почетокот на владеењето на Путин и дека сега е јасно „дека ова е крајот за него (Путин), а исто така (повторно во прашање) е Курск“.

Телеграф објави дека владата на Обединетото Кралство не ѝ дала дозвола на Украина да ги користи ракетите Сторм шедоу како дел од нападот врз Курск.

„Нема промени“, изјави владин извор.

Претседателот на Украина нареди подготовка на „хуманитарен план“ за руските граѓани во Курск под контрола на Украина, додека украинските сили почнаа да градат теренски болници и утврдувања како подготовка за окупација на областа.

Зеленски им наложи на одбранбените претставници и дипломати да „претстават список на неопходни дејствија со цел Украина да добие дозвола од своите партнери да користи оружје со долг дострел за одбрана на својата територија“.

За време на минатомесечната посета на Велика Британија, Зеленски побара од тамошниот премиер Кир Стармер да ги укине ограничувањата за употребата на муницијата, која има домет од околу 250 километри.

Ставот за употреба на ракетата Сторм шедоу не е само на британската влада, бидејќи проектилот се произведува во Франција, што значи дека и Париз се прашува за условите за употреба.

Киев, исто така, побара од Вашингтон дозвола за употреба на ракетата со долг дострел Атакмс за време на офанзивата во Курск, но и тоа беше одбиено.

Гувернерот на Курск Алексеј Смирнов му кажа на Путин дека Украина сега контролира најмалку 28 села и градови во областа.

Тој исто така рече дека најмалку 12 лица загинале во нападот и дека 121.000 граѓани ги напуштиле своите домови и дека уште 59.000 најверојатно ќе бидат раселени.

Русија, исто така, нареди евакуација на околу 11.000 луѓе од соседниот регион Белгород, бидејќи властите предупредија на „непријателски активности на границата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ