сабота, 27 јули 2024

Зеленски: Планот за украинската контраофанзива беше на масата во Кремљ уште пред и да започне

Украинската контраофанзива во 2023 година, поддржана со западно оружје вредно милијарди долари, во голема мера пропадна, не успевајќи да ги пробие повеќето линии на руската одбрана и утврдувања.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нашите планови за контраофанзива беа на масата на Кремљ уште пред да започнат контраофанзивните акции“, рече Зеленски во неделата на прес-конференција во Киев, пренесе АФП.

Неговата канцеларија за АФП потврди дека Зеленски мислел дека Москва добива чувствителни информации за воените планови.

Зеленски не даде други детали за протекувањето.

Тој рече дека Киев подготвува „неколку“ верзии за својата стратегија на бојното поле во 2024 година за да не се повтори истото.

Запрашан дали Украина има планови за нов обид за контраофанзива оваа година, тој рече: „Имаме план, јасен план. Ќе бидат подготвени неколку планови поради протекувањето на информациите“.

Руските сили остваруваат напредок низ источна Украина, откако го освоија симболичниот град на линијата на фронтот Авдеевка и се обидуваат да остварат предност во муниција и војници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ