сабота, 27 јули 2024

Зеленски од Прага: Ни треба јасен сигнал дека Украина ќе биде дел од НАТО, не само дека „вратата е отворена“

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски кажа дека на неговата земја, која веќе 17 месеци е во војната против руските сили, ѝ треба многу повеќе од општа изјава дека вратата на НАТО е „само отворена“.

Украина бара јасен знак од НАТО од самитот кој на 11 и 12 јули ќе се одржи во Вилнус дека ќе може да се приклучи на воениот пакт кога ќе заврши војната.

Украина сака да се приклучи што побрзо, но мислењето на членките на НАТО за тоа е поделено. Некои земји се претпазливи околу потезите за кои се плашат дека може да ја вовлечат Алијансата поблиску до вистинска војна со Русија.

„Ние зборуваме за јасен сигнал, нешто конкретно во насока на покана“, кажа Зеленски на конференцијата за медиумите со чешкиот колега. „Потребна ни е таа мотивација. Потребна ни е искреност во нашите односи. Ќе ни треба некаков сигнал, јасен, дека Украина ќе биде во сојузот. А не дека вратата е отворена – тоа не е доволно“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ