сабота, 21 декември 2024

Зеленски: Очигледно е дека Русите си играат со животите на заробените Украинци

Русија ја обвини Украина дека вчера го соборила рускиот воен транспортен авион над граничниот регион Белгород, убивајќи ги екипажот и 65 заробени украински војници.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потоа повика да се отвори меѓународна истрага.

„Очигледно е дека Русите си играат со животите на заробените Украинци, чувствата на нивните сакани и емоциите на нашето општество“, кажа тој, но не потврди дека во авионот имало заробеници.

„Мораме јасно и што е можно повеќе да ги утврдиме сите факти, имајќи предвид дека авионот е соборен на руска територија, која е надвор од наша контрола“, кажа Зеленски.

Итен состанок на Советот за безбедност ќе се одржи денес во 17.00 часот на барање на Москва, соопштија Обединетите нации.

Украинската воена разузнавачка служба (ГУР) потврди дека нема „сигурни информации“ за патниците на соборениот Ил-76, иако потврди дека размена на заробеници била планирана, но дека не била одобрена.

Претходно руското министерство за одбрана ја осуди Украина за тоа што го соборила рускиот авион кој превезувал „украински војници на размена“.

Според тврдењата на Москва, украинската војска знаела дека Русите заробениците ќе ги превезат во Белгород, а потоа на местото на средбата на границата.

Украинските разузнавачи, пак, тврдат дека Киев „не бил известен“ за потребата да се обезбеди воздушниот простор во таа област.

„Украина не знаеше за бројот на возила, рутата и начинот на транспорт на заробениците“, соопшти службата обвинувајќи ја Москва дека во овој случај намерно ги довела во опасност.

Руската војска тврди дека украинските сили испукале „две ракети од противвоздушен одбранбен систем“ за да го соборат транспортниот авион Ил-76 за потоа „да можат да ја обвинат Русија“.

Авионот се урнал во близина на руското село Јаблоново, 45 километри од границата со Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ