„Се работи за двајца војници кои иако се здобиле со повреди, преживеале. Тие се пренесени во Киев и разговараат со истражителите од Службата за безбедност на Украина. Тоа не беше лесна задача: обично Русите и другите севернокорејски војници ги лекуваат своите соборци и прават сè за да спречат докази за учество на друга држава – Северна Кореја – во војната против Украина“, напиша Зеленски на Фејсбук.
Украинскиот лидер сподели фотографии за кои тој тврди дека ги прикажуваат заробените војници и нивните документи. Тој им се заблагодари на членовите на Тактичката група број 84, сили за специјални операции на вооружените сили на Украина и падобранците кои ги заробија овие војници.
Украинските војници започнаа ненадејна офанзива во областа Курск ноќта меѓу 4 и 5 јануари. Тогаш беше објавено дека Украинците напредуваат од Суџа кон селото Бољшој Солдацкоје.