среда, 30 октомври 2024

Зеленски: Ние не ги напаѓаме ни Москва ни Путин, Кремљ бара изговор за терористички напад врз Украина

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на Кремљ, пренесено од руските медиуми, наводниот обид за напад во текот на ноќта со две беспилотни летала е опишан како „терористички чин“ и се додава дека руската војска и безбедносните сили ги „онеспособиле беспилотните летала“.

„Русија го задржува правото да одговори кога и каде што смета дека е соодветно“, се вели во соопштението.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски на прес-конференција во Хелсинки изјави: „Ние не го напаѓаме Путин ниту Москва, ние се бориме на наша територија“.

Украинското претседателство соопшти дека Украина „нема никаква врска“ со нападот.

Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, во порака до новинарите рече дека „се разбира, Украина нема никаква врска со нападите со беспилотни летала врз Кремљ“.

„Ваквите зборови на Русија треба да се гледаат само како обид да се подготви контекст што може да послужи како изговор за голем терористички напад врз Украина“, рече Подољак.

Тој рече дека таквиот напад, ако го извршел Киев, „немаше да реши ниту еден воен проблем“ кога Москва сè уште контролира речиси 20 отсто од украинската територија.

„Напротив, тоа ќе ја охрабреше Русија да преземе уште порадикални акции против нашето цивилно население“, рече тој.

Подољак рече дека Москва многу се плаши од почетокот на украинската офанзива вдолж линијата на фронтот и се обидува на секој можен начин да преземе иницијатива и да го сврти вниманието.

Украина веќе неколку месеци вели дека сака да изврши голема офанзива за враќање на териториите окупирани од Русија на југот и истокот на нејзината територија.

Последните денови Киев соопшти дека привршуваат подготовките за ваков напад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ