сабота, 28 септември 2024

Зеленски ненадејно разреши генерал, „Уби повеќе Украинци отколку руски генерали“ (ВИДЕО)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши генерал-полковник Јуриј Содол од функцијата командант на здружените сили на украинската армија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во понеделникот, украинскиот лидер објави дека Содол ќе биде заменет со бригадниот генерал Андриј Хнатов. Зеленски не понуди причина за смената на Содол. Содол беше назначен за командант на здружените сили во февруари.

Смената дојде откако Бохдан Кротевич, началникот на штабот на Бригадата на националната гарда на Азов, на својот канал на Телеграм рече дека поднел официјална жалба до Државното биро за истраги на Украина, барајќи истрага за „еден воен генерал кој, според мое мислење, уби повеќе украински војници од кој било руски генерал“.

Кротевич не го именуваше Содол, но „Украинска правда“ објави дека нејзините извори потврдиле дека Кротевич „го обвинил генералот за злоупотреба на овластувањата и неспособна команда на трупите, што довело до губење на голем дел од територијата на Украина“.

„Кротевич побара истрага за потенцијална соработка на Содол со Русија. Началникот на штабот на Азов, исто така, рече дека е подготвен да сведочи во тој случај“, пишува Украинска Правда, повикувајќи се на свои извори. Во објава на Телеграм во саботата, Кротевич напиша дека не му е грижа дали против него е покрената истрага.

„Условите во кои моментално се борат бригадите, ќе го кажам ова, се нереално херојство, пред се за војниците, командантите на водовите, четите, баталјоните и бригадите. А нивното херојство е што го спречуваат непријателот“, напиша тој.

Началникот на Азов рече дека верува оти започнувањето истрага е „единствената можност да се промени ситуацијата“.

„И единственото нешто од што секогаш ќе се срамам е што не го направив тоа порано. Судбината им е наклонета на храбрите, а некои луѓе имаат корист од тоа што повеќето молчат поради страв од последици. Затоа, забележувам дека ова е моја лична одлука и целосно ги прифаќам последиците“, рече тој.

Институтот за проучување на војната, истражувачки центар со седиште во САД, во понеделникот објави дека Хнатов служел како заменик командант на јужниот украински фронт од 2022 година и одиграл клучна улога во ослободувањето на Херсон.

Тој, исто така, командуваше со одбраната на градот Бахмут во областа Доњецк во источна Украина во пролетта 2023 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ