петок, 18 октомври 2024

Зеленски: Нема да има граница меѓу Полска и Украина

Објавено на

часот

Сподели

Тој при посетата порача дека граница меѓу Полска и Украина нема да постои.

Зеленски за време на посетата беше одликуван со највисокото полско државно одликување, Орденот на белиот орел, за време на средбата со претседателот Анджеј Дуда во Варшава.

„Не ја напуштивте Украина, застанавте со нас рамо до рамо и благодарни сме ви за тоа. веруваме дека ова е историски однос. Вашиот личен однос кон нашиот народ, милионите Украинци кои најдоа засолниште во Полска, кои тука се чувствуваат како дома, ви благодарам за сè и за оние први денови и недели кога оваа помош ни беше толку потребна“, порача Зеленски.

Украинскиот претседател во Варшава пристигна со воз, кој полскиот таблоид Факт го опиша како „вистинско чудо на технологијата“. Се наведува дека возот однадвор изгледа обично, додека внатре е опремен со најнови технологии и дизајниран за превоз на државници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ