сабота, 27 јули 2024

Зеленски: Напредувањето на Русија е сопрено, француската војска може да остане на територијата на Франција

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави синоќа дека „напредувањето на Русија е сопрено“ и дека ситуацијата на фронтот е „многу подобра“. Тој оцени и дека „додека Украина се држи, француската војска може да остане на територијата на Франција“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Можам да ви ги дадам најновите информации: ситуацијата е многу подобра отколку во последните три месеци“, кажа тој за француската телевизија БФМТВ и весникот Монд, со што се спротивстави на бројните оценки за руското воено напредување во Украина.

Според него, тоа напредување е сопрено.

„Денес нашата команда, нашите војници го сопреа“, кажа тој и додаде: „Вашите деца нема да умираат во Украина“, уверувајќи дека испраќање странски трупи во неговата земја во моментов не е неопходно.

Претседателот на Франција Емануел Макрон на 26 февруари кажа дека во иднина на треба да се исклучи испраќање трупи во Украина во име на „стратегиска двосмисленост“.

Таа негова изјава предизвика контроверзи во Европа.

Зеленски, меѓутоа, се заложи за испраќање „технички персонал“ за заедничко производство на француски топови „цезар“ или германски тенкови „леопард“, како и за обука.

„Фактот што Макрон кажа дека не можеме ништо да исклучиме, мислам дека тоа поврзано со (рускиот претседател Владимир) Путин, значи сè додека Украина се држи, француската војска може да остане на територијата на Франција. Но ако Путин нападне друга земја од НАТО, тогаш земјите од НАТО ќе треба да одлучат дали, како и колку војска треба да испратат“, кажа Зеленски.

„Макрон само сака Украина да не биде сама, и сака да има некој вид унија околу Украина, и не гледам во тоа никаков ризик“, кажа украинскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ