„Нека 2025 биде наша година. Година на Украина. Знаеме дека мирот нема да ни биде даден како подарок, но ќе направиме сè за да ја запреме Русија и да ставиме крај на војната“, рече тој во својот говор емитуван на социјалните мрежи.
Зеленски додаде дека Украина треба да се бори во 2025 година на „бојното поле“, но и на „преговарачката маса“ за да се стави крај на речиси тригодишната руска инвазија.
„Секој ден во наредната година ќе треба да се бориме за Украина која е доволно силна, бидејќи само таква Украина ќе биде почитувана и слушната“, рече Зеленски.
Our 2024. Every single day of it has been won by our warriors, by all our people, by everyone who defends, works, strengthens, and helps.
Hard work and courage, humanity and integrity of the entire nation filled this year. Along with care, development and love, the desire to… pic.twitter.com/uL3Tq3Gb13
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) December 31, 2024
Следната година носи неизвесност во Украина и стравувања дека ќе има намалување на американската воена и политичка поддршка откако Доналд Трамп ќе ја преземе власта. Администрацијата на американскиот претседател во заминување Џо Бајден во понеделникот ѝ додели воена и буџетска помош за Украина од речиси шест милијарди долари.
Today, I address all those who value Ukraine, cherish their state, and lovingly call it “Mine.” Those who cannot imagine themselves without Ukraine, no matter where they are. All those who have been fighting for it – so steadfastly and so bravely – for more than 1,000 days.
This… pic.twitter.com/T0sxFmR7Jw
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) December 31, 2024
Трамп рече дека ќе го прекине конфликтот за „24 часа“ кога ќе ја преземе функцијата, предизвикувајќи стравувања дека Украина ќе биде принудена да ги напушти своите територии под контрола на Русија во замена за мир.
„Не се сомневам дека новиот американски претседател е подготвен и способен да постигне мир и да стави крај на агресијата на Путин“, рече Зеленски во својот говор.
Рускиот претседател Владимир Путин не ја спомена конкретно војната во Украина во својот новогодишен говор во вторникот, но ги пофали руските војници за нивната „храброст“.