„Главниот предизвик е да се зачува единството во Европа. Не зборувам само за земјите во ЕУ, туку за цела Европа“, рече Зеленски, кој – како и на претходниот Самит во Кишињев – стигна прв.
Тој рече дека на Украина ќе ѝ треба одбранбен штит зимава, бидејќи ќе има различни напади од Русија.
Зборувајќи за разговорот со американскиот претседател Џозеф Бајден, Зеленски истакна дека Украина ја има неговата 100% поддршка, но дека во Америка претстојат многу важни избори и се слушаат различни гласови, од кои некои се „многу чудни“.