вторник, 22 октомври 2024

Зеленски на сојузниците: Немојте да се криете

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика сојузниците да „не се кријат“ и да одговорат на тврдењата за севернокорејско учество во конфликтот во Украина. во своето денешно обраќање кажа дека Украина има информации за подготовки на две единици, можеби и до 12.000 луѓе, кои би се бореле во војната на руска страна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е предизвик, но ние знаеме како да одговориме на тој предизвик. Важно е партнерите да не се кријат од овој предизвик“, порача Зеленски.

Ни Северна Кореја ни Русија, кажа Зеленски, не го земале предвид бројот на мртвите во конфликтот. „Но сите ние во светот имаме подеднаков интерес за завршување на војната, а не за нејзино продолжување. Затоа мораме да ја сопреме Русија и нејзините соучесници. Ако Северна Кореја може да интервенира во војна во Европа, тогаш притисокот на тој режим дефинитивно не е доволен“, оцени украинскиот претседател.

Британскиот министер за одбрана Џон Хејли кажа денес дека е „многу веројатно“ дека Северна Кореја почнала да испраќа војници на страната на Русија во војната.

Висок американски дипломат во понеделникот кажа дека Вашингтон се советува со своите сојузници за импликациите на вмешување на Северна Кореја и додаде дека таквиот развој на настаните би бил „опасен и многу загрижувачки развој“, ако е вистина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ