петок, 13 декември 2024

Зеленски: На Израел му помогнаа сојузниците, а ние со месеци чекаме помош

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата го осуди иранскиот напад врз Израел со беспилотни летала и проектили и посочи дека на неговата земја ѝ е потребна помош од сојузниците за да се одбрани од заканите од воздух, исто како што тоа го направи Израел, пренесе Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Активностите на Иран го загрозуваат целиот регион и светот, исто како што акциите на Русија се закануваат со проширување на конфликтот. Соработката меѓу двата режими во ширењето на теророт мора да наиде на решителен одговор од светот“, објави Зеленски на платформата Икс.

Зборувајќи подоцна во своето ноќно видео обраќање, украинскиот претседател рече дека светот видел дека „Израел не беше сам во својата одбрана – заканите на небото ги уништуваа и неговите сојузници“.

„Украина со месеци чека на витален пакет за поддршка и гласање во американскиот Конгрес, а довербата на терористите расте секој ден се повеќе“, додаде тој. Зеленски со месеци ги повикува западните сојузници, особено САД, да покажат „политичка волја“ и да обезбедат воздушна одбрана и оружје што ѝ се потребни на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ