недела, 5 јануари 2025

Зеленски: Крајот на испораката на рускиот гас преку Украина е пораз за Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека крајот на испораката на рускиот гас преку Украина претставува голем пораз за претседателот на Русија Владимир Путин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кога Путин стана руски претседател пред повеќе од 25 години, количеството природен гас кое минуваше низ Украина кон Европа годишно изнесуваше повеќе од 130 милијарди кубни метри, напиша Зеленски на мрежата Икс.

Сега тоа количество е нула, додаде тој.

„Ова е еден од најголемите порази за Москва. Како резултат на тоа што Русија како оружје ја искористи енергијата и посегна по цинични уцени на партнерите, Москва изгуби еден од најпрофитабилните и географски најдостапни подрачја“, оцени тој.

Изјавата на Зеленски доаѓа откако рускиот гасен гигант Газпром ги прекина испораките на гас во Европа, поради тоа што Киев не го продолжи снабдувањето на Европа преку Украина кое заврши на 1 јануари, а беше финансиски исплатливо за двете страни.

По прекинот на транзитот на гас преку Украина и повеќе од две години од саботажата на гасоводот Северен тек во Балтичко Море, Европа може да добива руски гас само преку гасоводот Турски тек и неговото продолжение Балкански тек.

Европа покрај тоа увезува руски течен природен гас (ЛНГ) со танкери.

Според официјалните податоци, во 2023 година со транзитот преку Украина во Европа пристигнале 14,65 милијарди кубни метри гас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ