понеделник, 21 октомври 2024

Зеленски: Ќе ги задржиме териториите во Курск сè додека Путин не седне на преговарачка маса

Киев планира да ги задржи териториите кои ги контролира во Курската област во Русија додека не го примора рускиот претседател Владимир Путин да седне на преговарачка маса, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не ни треба руската територија. Целта на нашата операција е да го обновиме нашиот територијален интегритет“, кажа Зеленски за Ен-би-си њуз.

Одговарајќи на прашањето дали Украина планира долго да ја држи руската територија, тој кажа: „Од концептуален аспект, ние ќе ја задржиме“.

Зеленски објасни дека Украина „ќе ја контролира“ оваа територија, бидејќи тоа, како што наведе, е составен дел од неговиот „план за победа“ во војната. Тој додаде дека предлогот им е претставен на меѓународните партнери, пред сè Соединетите Американски Држави.

Тој кажа дека нема да коментира дали Украина ќе се обиде да преземе контрола над повеќе руски територии.

„Не можам да зборувам за тоа. Ова е како почетокот на нашата операција Курск. Со должна почит, не можам да зборувам за тоа, мислам дека успехот беше многу неочекуван“, кажа Зеленски.

Тој кажа дека не ги известил САД за плановите за Курск, а подготовките за операцијата биле исто така држени во тајност во Украина.

„Да, никого не известивме. И тоа не е недостиг од доверба“, кажа Зеленски, оценувајќи дека контраофанзивата на Киев минатото лето пропаднала главно затоа што, според него, „многу се рекламираше и зборуваше, давајќи им време на Русите да се подготват“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ