среда, 23 октомври 2024

Зеленски: Ќе ги задржиме териториите во Курск додека Путин не седне на преговарачка маса

Украина планира да ги задржи териториите што ги контролира во регионот Курск додека не го принуди рускиот претседател Владимир Путин да седне на преговарачка маса, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нам не ни треба руска територија. Целта на нашата операција е да го вратиме нашиот територијален интегритет“, рече Зеленски во интервју за Ен-би-си њуз.

Одговарајќи на прашање дали Украина планира да ја држи руската територија долго време, тој рече: „Од концептуална гледна точка, ние ќе ја задржиме“.

Зеленски објасни дека Украина ќе ја „контролира“ оваа територија, бидејќи, како што наведе, тоа е составен дел од неговиот „план за победа“ во војната. Тој додаде дека овој предлог ќе им го претстави на меѓународните партнери, особено на Соединетите Американски Држави.

Зборувајќи за територијата што Украина моментално ја држи во Русија, Зеленски рече: „Засега тоа ни треба“.

Тој додаде дека нема да коментира дали Украина планира да се обиде да преземе контрола врз уште повеќе руски територии.

„Не можам да зборувам за тоа. Ова е како почеток на нашата операција Курск. Со сета почит, не можам да зборувам за тоа, мислам дека успехот е многу блиску до неочекуваното“, рече Зеленски.

Според него, Украина сега заробила стотици руски војници, кои планира да ги размени за украински воени заробеници.

Тој рече дека не ги информирал САД за плановите за Курск, а подготовките за операцијата биле чувани во тајност и во самата Украина.

„Да, никого не известивме. И тоа не е недостиг од доверба“, рече Зеленски, истакнувајќи дека контраофанзивата на Киев минатото лето пропаднала главно затоа што, како што наведе, „многу се рекламираше и се дискутираше, што им даде време на Русите да се подготват“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ