сабота, 27 јули 2024

Зеленски ја критикуваше бавната испорака на оружје: „На слободниот свет му недостасува брзина“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно ја нагласи итната потреба на својата земја од противвоздушна одбрана.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На Украина итно ѝ требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана и западни борбени авиони, рече Зеленски во синоќешното видео обраќање.

„На слободниот свет, за жал, му недостасува брзина за овие две прашања“, рече тој, додавајќи дека поради својата воздушна супериорност, Русија е во состојба да ги уништува украинските градови и одбранбените позиции со крстосувачки бомби.

Според Зеленски, Русите активно користеле деструктивна тактика на првите борбени линии во близина на Харков и во источниот украински регион Доњецк во правец на Часив Јар и Покровско.

Зеленски веќе неколку пати во последните денови побара испорака на два дополнителни системи за противвоздушна одбрана Патриот. Тој рече дека тоа ќе обезбеди подобра заштита за Харков, кој постојано е напаѓан од воздух. Тој град на североистокот на Украина е еден од најтешко погодените од војната.

Борбените авиони кои ги спомна Зеленски ѝ беа ветени на Украина пред една година. Но, според официјалните информации, Ф-16 сè уште не пристигнале. Експертите оценуваат дека главно долгото време на испорака на оружје од Западот ѝ овозможува на Русија да подготви ново оружје.

Во руските напади врз североисточниот украински град Харков во текот на ноќта повредени се најмалку седум лица, изјави гувернерот на регионот. Во текот на ноќта беа погодени и други украински региони со руски беспилотни летала, вклучувајќи ги Одеса, Миколаив и Днепропетровск.

Пред речиси две недели Москва ја интензивираше воздушната и копнената кампања во областа Харков, која граничи со Русија. Руските сили оттогаш зазедоа неколку украински погранични села. Според набљудувачите, офанзивата е забавена во последните денови, но не е запрена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ