понеделник, 16 септември 2024

Зеленски: Игнорирајте ги црвените линии на Путин, дајте ни оружје со долг дострел

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика денес западните сојузници да ги игнорираат „црвените линии“ на Москва и да му дозволат на Киев да користи оружје со долг дострел за напади на руска територија, во момент кога Вашингтон му вети на Киев дополнителни 250 милиони долари во вооружување.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски прв пат се појави на редовното собирање на сојузниците на Киев под покровителство на Соединетите Американски Држави во американската воена база Рамштајн во Германија. Се обиде да ја претстави опцијата на нападите со оружје со долг дострел како начин на притисок врз Русија да го прекине конфликтот кој трае две и пол години.

Тој изјавата ја даде во момент на тешка ситуација за украинските сили кои се пред опколување по ненадејниот упад во рускиот регион Курск, додека руските сили во Украина се фокусирани на заземање на градот Покровск на истокот, клучен логистички центар на украинските сили.

„Мораме да имаме капацитети за долг дострел не само на окупираната територија на Украина туку и на руска територија за Русија да биде помотивирана да тежнее кон мир“, кажа Зеленски.

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин го оцени упадот во Курск како пример како украинските сили работат на преземање на иницијативата на бојното поле. „Агресорската војска на Кремљ сега е во одбранбена позиција на сопствен терен“, кажа Остин.

Сепак, Остин немаше да каже ништо позитивно за напорите на Западот да ја одржат украинската кампања за одвраќање на руските сили од својата територија.

„Злобата на (рускиот претседател Владимир) Путин е длабока. Москва ја продолжува својата офанзива на истокот на Украина, фокусирана околу Покровск“, кажа американскиот министер. „Путин ги преместува своите војници околу Курск, а продолжува да ги бомбардира украинските градови и инфраструктурата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ